Било какви преговори со Бугарија, како услов за влез на Македонија во ЕУ се бесмислени, дури и во случај ако Бугарија даде црвсти и недвосмислени гаранции дека со ништо нема да го кочи/условува влезот во Унијата.

Бесмислени се, бидејќи тој воопшто не зависи од Бугарија, туку од подготвеноста на Унијата за нејзино проширување.

Во тој поглед ЕУ е јасна – според Франција и Холандија (блиска до нив е и Германија) не е можно нејзино проширување, сѐ додека самата суштински не се реформира.

Оттука, бесмислени се секакви преговори со Бугарија на овој план. Она што е, пак, бесмислено, треба да се прекине. Така вели здравата, нормална логика.

Она што е против логиката, само по себе е апсурдно, бесплодно и контрапродуктивно.

*Фејсбук објава на Љубомир Цуцуловски