Маскарата целосно ја прави шминката, понекогаш само тоа е доволно и нема да ви треба ништо повеќе од шминка.

Сепак, по неколку часа носење, маскарата речиси секогаш се мачка на кожата под очите. Тоа нè нервира, па се трудиме да го поправиме и така одиме во круг.

Маслото на нашата кожа или кремастите производи кои се нанесуваат околу очите прават пигментот од маскарата да се пренесе на кожата, дури и откако маскарата ќе се исуши, истакнуваат шминкерите.

Дури и ако нашата кожа не е природно мрсна, потта и топлината можат да предизвикаат појава на маскара на кожата на очите.

Пред да започнете со шминкање, шминкерите препорачуваат чистење на лицето од природни масла.

Нанесете хидратантна формула за лице што не е премногу густа и избегнувајте да ја нанесувате доволно блиску за да ја достигнете линијата на трепките.

Потоа почекајте кожата да го впие кремот пред да нанесете шминка.

Кога е време да нанесете маскара. се препорачува да се започне со чисти трепки.

Ако вашите трепки имаат минимални остатоци од маскара, поголема е веројатноста да се размачкаат.