Најчесто болестите се резултат на лошото живеење. Лошо живеење не значи само неумерено јадење, пиење или однесување, туку и неможност да се внесува здрава храна, и да се оди (барем еднаш годишно) на летовање или зимување.

За тоа, пак, требаат пари. За да се има пари, треба да се има работа и добра плата. Според тоа, болестите се (пред сѐ) резултат на сиромаштијата, на неразвиената економија.

Овозможете му на човекот да работи и тој ќе живее здраво. Меѓутоа, големите светски „филантропи“ наместо да инвестираат во економијата, како и во формирањето на мали производствено-преработувачки погони во Африка, Азија или Латинска Америка, најчесто инвестираат во производството на нови вакцини или лекови.

Наместо да ги спречат болестите, повеќе се заинтересирани за лечење на болестите. Таква е логиката на п р о ф и т о т.

П.С. За перманентните војни, немири и страдања во Африка, Азија или Латинска Америка, во некоја друга пригода.

Автор: Љубомир Цуцуловски