Ги прашавме мажите што подразбираат кога една жена ќе ја наречат „дама“? Најголем број од мажите не знае што точно се подразбира под терминот „дама“.

Но оние кои ги дадоа најинтересните одговори ги пренесуваме во продолжение:

Дама е жена која има карактер и став. Не мора секогаш да се ексопнира и да го изразува гласно, но важно е да размислува со своја глава. (Р.П, 22)

Кога ќе видам жена која седи со прекрстени нозе, носи здолниште до колена и убави свилени чорапи, дефинитивно станува збор за дама. За мене дама се познава по положбата на седење. (С.А, 34)

Жена која е дама е недостижна за најголем број од мажите. Таа е моногамна има еден маж кој ја почитува и цени. За мене дама е онаа кај која нема „зелено светло“ за најголем број од мажите. (Б.Т, 44)

Дамите се негувани жени кои внимаваат на својот изглед, тие секогаш имат нежни раце, чиста кожа, свеж тен и одлична линија. Дамите се жени кои држат до себе и имаат благородна убавина. (С.К, 50)

Секоја жена која е интелектуалка е дама. Таа има општо знаење, може да разговара на секоја тема, достоинствена е и многу самоуверена. Дамата за мене е онаа жена која има широк спектар на образование. (А.И, 39)

Дамите се тивки и повлечени. Тие не се експонираат во друштво, но зрачат со некоја посебна енергија. Токму нивната смиреност и незаинтересираност за доминација ги прави централен лик во секоја приказна. (П.Р, 41)

Дама е онаа жена која покрај себе има вистински џентлмен. (Д.Д, 27)