Книгите се добро друштво за време на летните горештини, особено се практикува читањето книги на плажа бидејќи моќта на забележување на деталите е најголема токму кога човекот е најопуштен.

Мажите избраа своја хит летна книга, истото го направија и жените. На анкетата што ја спроведовме убедливо се издвоија две книги. Едната од категорија хит машка книга, а другата од категорија хит женска летна книга.

Хит машка летна книга

Мажите ја избраа книгата „Марсовецот“ од Енди Вир. Книгата привиче особено големо внимание поради филмот „Марсовецот: Спасувачка мисија“ со Мет Дејмон во главна улога.

Станува збор за остроумна, духовита и напната приказна за Марк Ватни, астронаут од мисиjата Арес, кој во еден сплет на несреќни околности останува на Марс. Посадата од неговиот брод е убедена дека Марк загинал на Црвената Планета.

Но, Ватни одлучува да не се предава…

Мажите се одлучија токму за оваа приказна бидејќи е од омилениот машки жанр – научна фантастика.

Според рецензијата на New York Times: „Кога двајца луѓе кои не се познаваат меѓусебе ви препорачаат иста книга, нема сомнеж дека треба да и обрнете внимание. Одлична книга, врвот во својот жанр.“

man reading book on beach near lake during daytime

Хит женска летна книга

Жените ја избраа книгата „Последниот дамин гамбит“ од Волтер Тевис. Паралелно на книгата достапна е и серијата за извонредна шахистка која се соочувала со голем притисок од општеството поради специфичниот избор на професија, која дотогаш се сметала за исклучиво машки спорт.

Книгата е посветена на генијалната шахистка Бет Хармон која имала тешко детство во сиропиталиште, но нејзиниот тален во подоминатите години и донел голема слава.

Жените ја избраа оваа книга бидејќи ги инспирира на успех!

woman sitting while reading book