Не не сум ги пишувал јас, лошиот Бугарин, ги напишал еден добар Македонец, етнички Србин кој во момент на некаква лудост одлучил да сподели со сите нас што ќе го прочитаме неговиот напис дека бил објект на „врбовка“ од страна на некаков мистериозен харизматичен господин кој му ги раскажувал „бугарските класики“ за Ванчо Михајлов, за Бугаринот Гоце и секако за Македонија- Швајцарија на Балканот…
Истиот тој етнички Србин, кој гордо му кажал на клетиот бугарофил дека е Србин, денеска во последните редови на својата македонољубна колумна објавена во денешниот број на весникот Нова Македонија си го признава „смртниот грев“ дека подполнил декларација во која се истакнал како Бугарин си ги платил потребните такси и станал бугарски државјанин, но останал македонист.
Страв лозје чува…
Мојот колега знае дека на Бугарите како ништо може да им текне да ги објават списоците со бугарски државјани кои заради двојна прагма, ем бакнале рака во Софија ем плукат по истата заради своите врвни кариери. Голем срам ќе пукне замислете само. Да искршиш неколку тастатури а Бога ми и прсти за да им даваш елан на тие кои сè уште го купуваат весникот или го посетуваат онлајн, да ја мразат уште повеќе Бугарија и сè што е бугарско, а во истото време да имаш книжуле во кое пишува нешаналити-булгериан… Колегава го нарекува тоа прагма, јас како погруб ќе го наречам шизофренија.
За жал далеку сме ние од Швајцарија колега, а далеку сме затоа што после АСНОМ Македонија не личела по ништо на таа вечнонеутрална земја со прекрасна планинска природа, убаво чоколадо и уште поубави часовници. Ама што е тука е. Како што вели Захариева, реалноста никој не може да ја оспори. Македонската нација постои, како што постои и македонскиот јазик според Уставот на РМ.
Играта на македонистите-бугарски државјани со трибина за плукање е јасна. Тие може да те пцујат на улица, ама ако отидеш и им бапнеш една по тоа полните со омраза тикви, ќе почнат да пиштат ко мали деца и ќе ја бараат тетка Меркел да ги заштити.
Дојде времето кога маските паднаа, а кој знае може да падне и тајната за тоа кој се одел во Софија да се декларира како чист Бугарин. Тоа ќе му дојде како некаков вид на лустрација… пасошка лустрација. Многу пострашна од онаа селективната што ја спроведуваше бегалецот Груевски. Се разбира и овде ќе има селекција. Трајче од Сарамзалино што земал бг пасош за да си ја прехрани фамилијата, заради учените и кадарни политичари што владеат со Македонија веќе 30 г. нема зошто да пишува колумни во кои си признава разни работи. На Трајче никој нема да му побара сметка затоа што вие паметните глави што сте кадарни да покажувате омраза само кон одредени земји и народи, со вашата пасивност го избркавте од родниот дом.
Вие сте тие кои сега ќе треба да си признаете колку сте дволични… се извинувам мислев прагматични. Еден по еден сите ќе си кажете за пасошите. Ќе си кажете и орце ќе заиграте, Право, Тешко изборот си е само ваш.
Целата колумна на Атанас Величков за „Трибуна“ може да ја прочитате тука