На фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче редовно се појавуваат фотографии од медицински лица на кои се гледа оштетување на нивното лице од носење на маска и замор.
Во описот на фотографиите, министерот за здравство искажува благодарност за нивната неуморна работа во борбата поритв епидемијата, но и повикува да се почитуваат мерките за здравствена заштита за да се намали бројот на новозаболени и да им се олесни работата на лекарите.
Интегралната објава на Филипче во продолжение:
- Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас.