Третата недела од Великиот пост се нарекува Крстопоклонска недела и зазема посебно место во текот на овој голем пост. Во деновите кога верниците веќе чувствуваат и телесен и духовен напор, Црквата ги потсетува на смислата на трпение, вера и истрајност преку симболот на Чесниот крст.

Крстопоклонската недела е посветена на поклонување на Чесниот крст, еден од најважните симболи на христијанската вера. Во православните храмови се изнесува крст за верниците да му се поклонат и да се сетат на страдањето на Исус Христос, но и на силата што верата ја дава во моменти на искушение.

Пред Чесниот крст, според верувањето, не треба да се излегува вознемирен или лут кон некого. Верниците се поттикнуваат да ги смирaт мислите, да простат на другите и да најдат мир во своето срце. Неделата потсетува дека секој носи свој животен крст, но дека ниту едно искушение не е поголемо од она што човек може да го издржи.

Во текот на оваа недела, како и во целиот Велигденски пост, верниците треба да избегнуваат кавги, конфликти и лоши мисли, а да се насочат кон прошка, разбирање и љубов кон другите. Тоа е вистинскиот смисол на постот – не само воздржување од храна, туку и духовно прочистување.

Што се однесува до постот, правилата за исхрана остануваат строги, но има одредени исклучоци поради празници. Понеделник се пости на масло, додека вторник, среда, четврток и петок се постои на вода. Во сабота и недела е дозволена храна на масло, како дел од традиционалните обичаи на Црквата.