Во услови на високи летни температури, многу Италијанци, особено во постарите куќи во јужниот дел на земјата, користат едноставни и ефикасни методи за разладување на домот без употреба на клима-уред.
Наместо да ги држат прозорците отворени во текот на денот, тие ги затвораат прозорците, ролетните или дрвените капаци за да спречат сончевата топлина да навлезе во просториите и да ги загрее ѕидовите. Проветрувањето го оставаат за доцните вечерни часови и раното утро, кога надворешната температура е пониска.
Еден од најпознатите трикови е поставување влажна чаршафа или пешкир пред отворен прозорец. Воздухот што поминува низ влажната ткаенина се лади и така придонесува за посвежа атмосфера во домот.
Италијанците често ги пребришуваат подовите од плочки со ладна вода, бидејќи керамиката подолго време ја задржува пониската температура. Дополнително, користат вентилатори во комбинација со сад со мраз или замрзнати шишиња вода поставени пред нив, што создава чувство на посвеж воздух.
За да се избегне дополнително загревање на просторот, во најжешкиот дел од денот не се користат рерни и други апарати што создаваат топлина. Во домовите со високи тавани се отвораат горните прозорци за полесно исфрлање на топлиот воздух.
Според нив, една од најчестите грешки е држењето на прозорците отворени во текот на најтоплиот дел од денот. Наместо разладување, на тој начин во домот навлегува уште потопол воздух, што дополнително ја зголемува температурата во просториите.


















