Вчерашните протести беа скандализирани со масовните апсења на демонстранти од страна на МВР за фрлање на предмети кон зградата на Собранието, пред се фрлање на јајца и друг тип на предмети кои не се загрозувачки за околината.
Додека пратениците, сместени во удобните фотељи во Собранието го слушаа говорот на претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен, македонските граѓани го изразуваа својот револт кон „францускиот предлог“ на +40 степени пред зградата на Собранието.
Протестите како да не се случија, освен тоа што присуството на голем број припадници на МВР го забележуваа преку неовластено фотографирање на мирните демонстранти и преку хеликоптерот кој ги надлегуваше сите 1000 голораки демонстранти кои протестираа пред Собранието.
Демократските вредности не се бранат со полициско присуство, беше само еден од коментарите на протестот.
Огромното полициско присуство е добра вест, бидејќи тоа е последниот трзај на режимот да се одржи на власт, беше коментар на присутна граѓанка.
Особено е впечателиво тоа што во соопштението на МВР до јавноста стојат шокантни податоци за вчерашното апсење на демонстрантите. Голем број од уапсените се во поодомината возраст и голем број од нив се едвај полнолетни.
Очигледно е дека МВР гледа опасност во секој поединец на протестот, што од страв, што од потреба да испрати порака и нарави притисок на демонстрантите. Спасовски и денеска се огласи со апели за мирен протест преку кој ќе се изрази волјата на граѓаните.
Граѓаните се револтирани и од благата реакција на опозицијата. Освен пратениците од Левица кои го напуштија Собранието додека Урсула фон дер Лајен се обраќаше, други подрастични реакции скоро и да немаше. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ внимателно го следеа обраќањето на претседателката на ЕК иако народот очекуваше тие да го пренесат нивниот револт и гнев и во Собранието.
Автор: Магдалена Стојмановиќ