Што подразбираме под поимот „убав простор“? Врз база на субјективни или објективни карактеристики ја градиме нашата релација со просторот? Што е пресудно во еден простор да се чувствуваме пријатно, а во друг непријатно? Дали празен или полн простор е полош за внатрешното чувство за тоа дали просторот е пријатен и добро уреден?

На овие прашања побаравме одговор кај Горан Поповски од Ајурведа.мк кој е одличен познавач на принципите на источната филозофија, знаењата од Ведите и пренесената мудрост на древните источни цивилизации меѓу кои: кинеската, индиската (санксрит) цивилизација и многу други.

Источната филозофија има сосема поинакво разбирање на отворениот и затворениот простор, субјективните и објективните парамтери за доживување на просторот, а преку разговорот со Поповски ги откривме слоeвите во разбирањето на просторот од поинаквата перспектива што на „западниот мислител“ и човек му ја овозможува средбата со „егозитичната“ источна филозофија и мудрост.

Каква врска воспоставува човекот со просторот каде што најчесто престојува (дом, канцеларија и сл)? Дали го прилагодува умот и телото на формите, облиците и боите во просторот или сепак начинот на перцепција на просторот зависи од субјективните фактори – расположение, естетички суд, период од годината и сл?

Поповски: Васту Шастра објаснува дека сите нешта во универзумот имаат ниво на енергија и дека секој животен простор, зграда или земја има вибрации на енергија поврзани со него. Универзумот е изграден од позитивна и негативна енергија. Васту има за цел да ја елиминира негативната енергија и да ја зајакне позитивната енергија.

Правилната примена на Васту ни помага:

  • Финансиски просперитет
  • Стабилност во кариерата
  • Ментален и умствен раст
  • Подобрување на односите
  • Помага во одржување на добро физичко и ментално здравје…

Секој елемент од споменатите е доминантен во одреден дел и правец. Според Васту, универзумот е создаден од 5 елементи и тоа: земја, воздух, етер, оган и вода. Рамнотежата на овие елементи е многу важна за привлекување позитивност во животниот простор.

Секој елемент е означен со одредена боја и доминира во одреден дел од просторот. Се е менливо во циклусите на вселената, менливи се доминантните елементи и нивната доминација.

Врз база на што се градат првите впечатоци од просторот? Што прво човекот забележува во просторот каде што влегува и на што Васту Шастра поветува најголемо внимание кога е првиот впечаток за простор во прашање?

Поповски: Важна е формата на животниот простор. Колку таа е во во согласност со природата и теченијата на енергијата.

Се прегледуваат надворешните форми и габарити и секој дел е важен бидејжи отсликува аспект од живеењето и оддел во телето. Особено е важно уредувањето надвор и во самиот простор. Секако многу е важно просторот да биде уреден и чист, со светли бои и добро проветрен.

Колку е важно прилагодувањето на просторот врз потребите на корисниците на просторот? Која е врвна вредност која просторното планирање треба да ја отслика, а е поврзана со човекот? На пример: здравје, добро расположение, комоција, ергономија, функционалност и сл?

Поповски: Секој жител припаѓа на одреден доминантен елемент и според тоа се одредува кој дел од просторот најмногу му одговара за негов раст и добро здравје. Некој од елементите ако се предоминантни потребно е да се хармонизираат и намалат, а одредени да се зголемат и да се постигне хармонија.

Здравиот начин на живеење значи постигнување на хармонија внатрешна и во просторот. Ако некој дел од просторот недостасува во својата градба, постојат лекови со кој се постигнува негово лекување.

Што според вас претставува „убаво уреден простор“ дали е тоа простор кој е уреден по објективни метрики и правила – симетрија, големина, распоред на предметите или е простор во кој корисниците се чувствуваат убаво?

Поповски: Убавото е релативен поим. Потребно е просторот да не е оптоварен со многу непотребни работи, бидејќи сите тие носат голем број енергии со нив. Најдобро е просторот да го прочистиме длабински и да ги исфрлиме сите застоени работи.

Тоа ќе внесе нова енергија во просторот, а се што не ни е потребно ќе го исчистиме. Исто така формите се многу важни, зошто секоја од нив предизвикува различна состојба кај нас и го раководи течението на истата во просторот. Најдобри се овалните форми, зошто острите линии го сечат просторот и течението на енергијата.

Дали празно и полно како одредби на просторот влијаат врз оценката дека просторот е добро или убаво уреден?

Поповски: Како што кажав не оптоварениот простор со многу ствари носи полесна енергија.

Бидејќи стварите акумулираат енергија и истата ја трансмитираат во просторот, па од таму што почист простор тоа е подобро.

Забелешка: Подетални податоци за уредување на просторот според принципите на Васту Шастрата и сознанијата забележани во најстарите записи на човештвото „Ведите“ можете да проследите на ajurveda.mk

  • Интервјуто со Горан Поповски го спроведе Магдалена Стојмановиќ 

 


Можеби ќе ве интересира: