Има ли мерка за вредноста на човечкиот живот?! Зедовте натрупавте брашно, тоалетна…а она дете од Африка што гладува што да натрупа егоцентрици?!
Зошто мислите дека сте поважни од тоа дете? Кој ви го дал тоа право?!
Ја нарушивме хармонијата со природата и очекуваме мирно да си спиеме. Е нема тоа така не оди!
Кога си легнуваат птиците а кога ние, колку сме во природа, колку ги почитуваме родителите?
Егоцентризмот ваш ќе ве убие и вашата глупост! Не може да викаш јас да живеам а другиот нека умре-ќе умреш ти!
Каде е солидарноста, хуманоста?
Покажавте дека дома немате дом,туку сакате да скитате како муви без глави, да сте во чопор, без став , без идеја… да се оддавате на блуд и неморал, на страстољубие и славољубие.
Немате ни грам чест и срам, ни ронка емпатија и само кукате!
Пукна во Украина и одма си го покажавте егоизмот!
А да треба со пушка да се брани државата а?
Како им е на децата од Украина, зарем ние Македонците да не покажеме емпатија кога низ слично и полошо сме поминале…или тие не се важни, само вие!
Е така не може, природата така не функционира.
Атиџе е проста а вие сте паметни а?
Е таа Атиџе ви кажа-ако еден го наруши правилото цел свет ќе ги трпи последиците!
Covid-19 беше само мало предупредување, како одговор на нашата глупост!
А ќе има потешки искушенија со кои ќе се соочи човештвото-глад, земјотреси, поплави…
Сето тоа заради човечката глупост!
Запамтете-Ние сме никој и ништо во споредба со природата и Бог и ќе успееме само ако сме луѓе и навреме се свестиме!
На крај ќе завршам со легендарната изјава на Алберт Ајнштајн
Две нешта се бесконечни, космосот и човечката глупост. Но за космосот не сум баш сигурен
Луѓе запамтете, ако сме луѓе- Не можеме еден без друг, добро кажано од Хемингвеј во романот –За кого бијат камбаните.
Камбаните сега бијат за секој од нас, просто е да бидеме луѓе побогу!
П.С. Мислам дека со масовната хистерија и паника ќе треба малку повеќе да се позанимаваат психолозите во наредниот период, но сепак тоа доаѓа од егоцентризмот и трупањето материјални добра, тоа проклето среброљубие!
Став на Гоце Кузески