Европскиот систем за овластување за патување (ETIAS) треба да стане целосно оперативен во текот на 2022 година, по што граѓаните од повеќе од 60 земји, вклучително и Македонија, ќе треба да поднесат барање за дозвола за влез во Шенген зоната. Покрај Македонија, оваа одлука ќе важи и за САД, Канада, Јапонија и други земји.
За да влезат на територијата на една од земјите на ЕУ, граѓаните на Македонија прво ќе треба да пополнат онлајн апликација каде ќе ги остават личните податоци, податоците за пасошот, земјата во која први патуваат, податоци за евентуално криминално досие, престој во воени зони, како и можна забрана за посета на одредени земји.
Возрасни граѓани за оваа услуга ќе платат седум евра, додека за малолетници ќе биде бесплатна. Откако патникот ќе влезе во земјата што ја наведе како прва дестинација, ќе може да патува во која било друга земја-членка на ЕУ.