Врање е најблискиот поголем град од соседна Србија до главниот град на Македонија. Одалеченоста е околу 90тина километри, а поради поврзаноста со автопат потребно е околу еден час патување да се стигне до таму.
Гужвите на границата „Табановце-Прешево“ се расчистува, а административната процедура за поминување на границата е редуцирана.
На македонските граѓани не им е потребен ПЦР тест, ниту пасош за поминување на границата. Се што им е потребно е лична карта.
Олеснителните околности да се стигне до првиот поголем град во Јужна Србија ги наведуваат голем број на наши граѓани, да ја поминуваат често погоренаведената границата.
Мотивите за патување во Врање се бројни. Од пазарување во „Лидл“ маркети, преку шопинг до уживање во некоја од локалните ресторани кои нудат поволни цени за нивните услуги.
Дали стапувањето на мерките ќе направи инвазија на македонски граѓани во Врање?
Од 16ти Август (понеделник) на сила стапуваат нови мерки кои го ограничуваат движењето на лица без потврда за примена барем една доза од вакцина во угостителски објекти и настани на кои има присуство на бројна група.
Организацијата на свади, исто така падна во втор план. Па многумина сега ќе може да ги пречекуваат само своите вакцинираните гости.
Мерките предизвикаа голем револт кај македонските граѓани. А нивниот револт е искажан на социјалните мрежи и на повикот за протест кој треба да се случи во недела на 15ти Август пред Собранието на Македонија.
Ограничувањето на движење на невакцинираните во Македонија се очекува да го направи Врање поатрактивна локација за македонските граѓани.
Многумина од нив веќе ги закажуваат своите резервации за помасовни собири токму во овој град, а угостителите од Врање често ќе забележат дека гостите од Македонија им се едни од најредовните гости.