Не постои дефиниција за тоа што е добар партнер, таа е индивидуална и зависи најмногу од тоа како вие се чувствувате покрај вашиот партнер.

Сепак психолозите издвојуваат неколку општи карактеристики на „доба партнер“ од кој се раѓаат здрави односи.

Еве неколку од нив:

  • Се чувствувате безбедно со него

Во друштво на добар маж, жената никогаш нема да се чувствува несигурна. Без разлика дали тоа е несигурност поврзана со физички изглед, начин да се изврши некоја задача или чувства во врската – вистински маж знае како да ги смири сите сомнежи и дилеми на жената.

  • Ви дава простор да бидете „своја личност“

Ако го прашате за совет, тој ќе ви го даде своето мислење. Но, тој никогаш нема да го наметне своето мислење или да очекува од вас да размислите како него. Тој премногу ве цени за да се однесува така.

  • Секогаш сте му на прво место

Може да се потпрете на него во секое време во животот – тој е вашата омилена личност за соделување добри весто, но и да споделувате тешки моменти.

  • Ја јакне вашата самодоверба

Добриот маж никогаш нема да прибегне кон манипулација – без оглед дали е физичка, емотивна или сексуална – да го добие она што го сака или да го контролира начинот на кој мисли неговата сакана. Тој не омаловажува. Напротив, неговото однесување ја зајакнува нејзината самодоверба.

Извор: Кумановски муабети