дома прашуваме други Антихристи се промовираат како „изглед“ на човекови права и слободи

Антихристи се промовираат како „изглед“ на човекови права и слободи

995
0

Човековите права и слободи се широк поим кој се чини дека во денешно време е експлоатиран на многу начини.

Изразувањето на индивидуално право и слобода понекогаш значи и загрозување на туѓиот идентитет, објект на идентификација или интимно чувство.

Таков пример е со антихристи кои се почесто се појавуваат како дел од перформансите на „Парадите на гордоста“ или маршовите за заштита на човекови права.

Тие обично, религиските симболи кои за верниците значат однос кон „свето“- ги сквернават, им се исмејуваат, го анулираат или менуваат нивното значење.

Со тоа прават повреда на чувствата на верниците додека се борат против наводно загрозената сопствена индивидуална слобода и право да се изразуваат.

Тој пристап е опасен и води до сериозни дилеми и преиспитувања околу тоа што значи да се има право и слобода?

Антихристите тврдат дека да се сквернави идејата за светото и Бог е дел од нивното право и слобода и тоа никој не може да им го забрани, бидејќи токму религијата ги прави неслободни.

Од друга страна верниците кои се идентификуваат со тие симболи се повредени и нив им е загрозена слободата на идентификација со одредена идеја за свето и симболика – што има во икона или во крст.

Доколку верниците се исмеваат со антихристите имате повреда на човекови права и слободи. Доколку антихристите се исмеваат со верниците имате борба за човекови права и слободи.

Станува збор за две стартни позиции кои се сосема нееднакви, исто како обвинет и оној што обвинува. Делува како антихристите да обвинуваат, а верниците да се обвинети, при тоа во судската постапка оние кои обвинуваат не треба да прибават докази за вината на обвинетиот, туку обвинетиот треба да обезбеди докази за својата невина.

Дали борбата за човекови права и слободи е модус операнди за наметнување на нов систем на вредности во кој право и слобода да се изразат имаат само оние кои ги репрезентираат вредностите кои треба да се воведат како мејнстрим?

Магдалена Стојмановиќ