Тумба фест е фестивал кој пред една година почна повторно да се одржува во Куманово, откако претходно имаше пауза од 19 години од негово одржување.

Главен покровител на настанот е општина Куманово.

Станува збор за фестивал на кои се изведуваат народни песни од домашни пејачи или пејачи од нашето соседство поради што „Тумба фест“ има и меѓународен карактер.

Сепак годинава многумина ги изненади листата на учесници на фестивалот.

Како главна ѕвезда во склоп на програмата се најавува Босанскиот шоумен – DJ Крмак.

Неговата музика има шеговит карактер и ретко кој очекуваше токму овој изведувач да виде главна ѕвезда на етно фестивал иако неговата музика воопшто не припаѓа во „народна музика“.