дома животен стил Урнебесна глетка во Австралија: Кит плива во речни води

Урнебесна глетка во Австралија: Кит плива во речни води

1001
0


Грбавиот кит што по грешка влезе во река полна со крокодили во Австралија, се врати во морето, пренесува Би-Би-Си.

Кит за прв пат бил виден во река на Северната територија пред една недела и се стравувало дека може да се насука во плитка вода или да удри во брод.

Уште два кита беа видени како пливаат на кратко во реката, но тие веднаш успешно се вратија во морето.

Еден преостанат кит викендов успеа да го најде патот до морето благодарение на плимата и осеката. Ова е прв познат случај на грбави китови во националниот парк Какаду на северниот брег на земјата.