Урнебесна глетка во Австралија: Кит плива во речни води

1295


Грбавиот кит што по грешка влезе во река полна со крокодили во Австралија, се врати во морето, пренесува Би-Би-Си.

Кит за прв пат бил виден во река на Северната територија пред една недела и се стравувало дека може да се насука во плитка вода или да удри во брод.

Уште два кита беа видени како пливаат на кратко во реката, но тие веднаш успешно се вратија во морето.

Еден преостанат кит викендов успеа да го најде патот до морето благодарение на плимата и осеката. Ова е прв познат случај на грбави китови во националниот парк Какаду на северниот брег на земјата.