Дишењето е витален процес во рамките на целиот жив свет. Наједноставна дефиниција за дишењето е процес на размена на гасови.
Човечкиот род им најкоплексен респираторен систем кој ја обавува функцијата на размената на гасоци со животната средина.
При дишењето се вдишува кислород, а се испушта јагледор диоксид. Сепак во воздушниот простор на нашата животна средина во најголема количина се среќава азот, а во помала кислород,
Тоа значи дека при вдишување, човекот, вдишува поголема количина на азот, а помала на кислород.
Сепак од витално значење за опстанок на човечки организам е токму кислородот кој навлегува во најситната градбена единица на човечкиот организам – клетката.
Дишењето е спонтан и рефлексен процес, но понекогаш може и да се контролира свесно и да се насочи со цел да се постигне ефектот на т.н „правилно дишење“.
Правилното дишење е од исклучително значење за менталната состојба и работата на срцето.
- Правилно дишење, со длабоко вдишување на нос, задржување на воздухот 4-5 секунди и негово споро издишување на уста има разни бенифити врз менталното здравје. Помага во релакцирање, контрола на паничните напади и зголемување на капацитетот за концентрација.
- Дишењето на правилен начин, исто така помага во правилна работа на срцето. Ако срцето забрзано чука, најверојатно станува збор за паничен напад или анксиозност. Со правилно дишење може да ги победите паничните напади и анксиозноста и да ја регулирате работата на симпатикусот и парасимпатикусот.