дома животен стил Совети од ергономи: Како да ја зголемите продуктивноста во работата

Совети од ергономи: Како да ја зголемите продуктивноста во работата

59
0

Срединските фактори играат огромна улога врз психо-физичките процеси.

Од начинот на кој е уреден просторот во кој работите зависи и колку ќе бидете ефикасни во работата. Ергономијата утврдува на кој начин преку подобрување на средства за работа може да се зголеми производството а при тоа и да се заштеди човечка енергија и труд.

Сепак не секогаш ергономските услови на работното место зависат од нас.

Некогаш е невозможно да се изборите за сите услови кои ви се потребни, но доколку е тоа возможно еве што треба да направите на вашето работно место или канцеларија:

Step-By-Step Guide to Manual Office 365 Setup for Workstations - Agile IT

Проток на светлина е најважен

Ергономијата востановила дека луѓето кои се изложени на природна светлина и имаат доволен проток на сончева светлина во просториите каде што работат се двојно попродуктивни од луѓето кои работат во темни простории.

Кислород

Воздухот на местото каде што работите е исто така важен. Отворајте прозорци што почесто како би имале свеж доток на кислород што ќе ви помогне да функционирате нормално.

Температура

Луѓето се попродуктивни на пониски температури отколку на повисоки, затоа подобро да ви и помалку студено на местото каде што работите отколку да ви е претопло.

Влажност

Влагата има негативен удел врз продуктивноста и човековото здравје воопшто. Од големо значење е влажноста на водухот да биде регуларна како би го сочувале своето здравје и добра кондиција за работа.

Растенија

Ако средината во која престојувате најголем дел од денот е погодна за растенијата, тогаш ќе биде погодна и за вас.

Растенијата исто така го освежуваат воздухот, но и изгледот на просторот поттикнувајќи го вашето добро расположение и желба за работа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде