Постои една народна изрека: „Облеката не го прави човекот, но многу кажува за него“.

Физичкиот изглед е првиот контакт со човек кој ни испраќа одредени пораки за тоа со каков човек „имаме работа“.

Целосниот впечаток не го стекнуваме само врз база на тоа што човекот носи, но е важно доколку се наоѓаме во голема толпа на луѓе со кои не можеме да оствариме комуникација на друг начин, да внимаваме каква порака испраќаме со нашиот изглед.

Во продолжение неколку трикови како да го подобрите вашиот изглед и да изгледате свежи и негувани:

Чиста и миризлива облека

Многу е важно облеката што ја носите да биде чиста, испрана и миризлива. Валкана облека дава впечаток дека сте непедантни во животот, во умот и сте хаотични и неорганизирани.

Чиста коса

Изгледот на косата е исто така многу важен. Доколку косата ви е испрана и обликувана сметајте дека половина од изгледот ви е веќе подобрен.

Кожа на уста открива многу

Ако имате испукана уста во многу случаи тоа значи влошено здравје, негрижа, дехидрираност и слично. Кожа на устата е многу важно да ви е во добра состојба, за тоа пијте повеќе вода и редовно носете лабело во џеб или во чанта.

Шминка

Постојат жени кои нападно се шминкаат и кои докрај не ја чистата секогаш шминката. Доколку вашето лице е размачкано со шминка тоа дава впечаток на аљкавост и непедантност.

Изглед на нокти

Под ноктите се наоѓа најтенка кожа која има голем број на крвни садови. Преку нокти може да се добијат огромен број на болести и зарази за организмот. Без разлика на тоа што работите редовно мијте ги рацете и ноктите.

Чистите нокти укажуваат на грижа кон сопствената хигиена.

Подочњаци

Подочњаците исто така укажуваат на замор или дека телото ви се справува со некоја болест. Ако вам не ви е удобно во сопственото тело, нема да им е удобно и на другите со вас.

Затоа погрижете се подочњаците да ги нема, или со квалитетен сон или со добар коректор.