Пивото е еден од најконзумираните пијалоци низ светот. Неколку светски брендови се натпреваруваат за заземање на приматот во однос на квалитетот во производство на пиво.

И покрај тоа што пивото е алкохол, сепак многумина го сметаат за освежителен алкохол бидејќи содржи многу мал процент на алкохол, а често се произведуваат и пласираат на пазарот и неалкохолни пива.

Луѓето кои пијат пиво во однос на луѓето кои пијат друг тип на алкохолен пијалок уживаат во неколку придобивки од својот избор:

  1. Пивото не може да донесе до целосно губење на свеста

Со однос на малото количество на алкохол кој го има пивото, луѓето треба да испијат големи количини на пиво за да постигнат ниво на стеснување на свест кој друг алкохолен пијалок го предизвикува и во мали дози.

Оние што пијат пиво најдолго ја задржуваат својата „трезна состојба“.

2. Пивото е природен извор на витамин Б

Пивото се произведува од житни култури кои се богати со витамин Б. Затоа и често се употребува изреката „Пивце за живце“. Витаминот Б што го содржи пивото ги потхранува нервите и помага во релаксирање на вашиот организам и ум.

3. Пивото го подобрува варењето

Внес на пиво во умерени количини го подобрува и забрзува варењето. Ако имате проблем со дигестивниот систем, една чаша пиво на ден може да ви го забрза вашиот метаболизам.

4. Пивото го подобрува сонот

Во народот постои изрека дека виното го нарушува сонот поради предизвикување на тахикардија, додека пивото многу брзо ве успива.

Пиво во умерени количини ги опушта мускулите и го намалува крвниот притисок што придонесува за добар и долг сон во текот на ноќта.