Вчерашниот ден пред српското Собрание, го обележаа низа немири што ги предизвикаа, како што во јавноста се претставуваат „незадоволни граѓани“ од новиот сет на мерки против епидемијата предизвикана со КОВИД19 најавени од владата.

Според транспарентите на присутните на протестот и според нивните извици и медиумски изјави, новиот сет на мерки кој предвидува вонредна состојба по општини и враќање на полициски час во некои градови е причина за лавина од незадоволство кај граѓаните.

На вчерашните протести пред Собранието (зграда Скупштине) во Белград, се забележаа неколу илјади граѓани од кои мала група сакаше да влезе во Собранието (случен настан на 27ми Април што се случи пред неколку години во Македонија).

Сепак полицијата интервенираше во насока на сузбивање на протестот, земајќи го како алиби скандалозното и вандалистичко однесување на мала група од демонстранти.

Различни толкувања

Дел од луѓето на социјалните мрежи настанот го видеа како еклатантен пример на полициска бруталност. На одредени снимки кои кружеа по социјалните мрежи несомнено можеше да се забележи како полицајците употребуваат прекумерена сила дури и на оние демонстранти кои беа мирни и не пружаа никаков отпор.

Снимките го потврдуваат фактот за полициската бруталност, а активистите за човекови права бараа од правниот систем и од меѓународната заедница да интервенира во насока на заштита на човековите и граѓанските права на демонстрантите.

Вучиќ да се симне од власт

На изборите кои се реализираа пред неколку дена, СНС предводена од Вучиќ убедливо ја потврди својата победа и доби уште еден мандат за формирање на нова влада. СНС освои повеќе од 2 милиони гласа на изборите од вкупно 3,3 милиони гласови (вкупна излезеност), што значи убедлива победа на партијата предводена од воедно актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.

Според одреден број на луѓе, протестите не доаѓаат од незадоволство на граѓани поради новиот сет на мерки, туку се директна последица на убедливата победа на СНС на изборите и имаат за цел да ја девалвираат или да го намалат изборниот успех на СНС.

Протестите не се спонтан собир на група изреволтирани граѓани, туку имаат своја режија далеку од Србија, во мониторинг центарот на западните сили, на кои по се изгледа Вучиќ не им е омилен лидер за една европска земја.

Заклучок

Демократската волја се покажува најчесто на изборите, а изборните резултати во целост потврдуваат дека граѓаните се согласуваат со владеењето на СНС и Вучиќ.

Тоа ја дава оправданоста Вучиќ да го одржи редот и поредокот на Србија и да остане во владата. Заради тоа полициските сили кои се во служба на државата, имаат оправдание да интервенираат и да го одржат суверенитетот на државата.

Но, сепак одредени сцени од вчерашните протести недвосмислено сведочат за тоа дека полициска бруталност имаше и дека употребата на силата не беше насочена само кон одбрана на суверенитетот на државата, Собранието, воведување на ред и безбедност општа, туку и претставуваше напад на сите кои помислиле воопшто да протестираат.

Мирниот протест е право и силен одраз на демократската зрелост на една држава и тој никако не смее да се спречува и сузбива. Доколку дојде до негово спречување по секоја цена тоа значи повреда на темелите на меѓународното право и за тоа треба да реагираат меѓународните институции.

Колку и вистината да е по средина на двете доминантни и спротивни толкувања, сепак извесно е дека демократската волја беше покажана на избори и Вучиќ никој не може да го „симне“ од власт и дека демократсата волја на група незадоволни граѓани може да се покажува со мирни протести на кои за секоја осуда е употреба на полициска сила.

Магдалена Стојмановиќ