дома животен стил ЕРГОНОМИЈА: Неколку задолжителни работи кои треба да ги имате во вашата канцеларија

ЕРГОНОМИЈА: Неколку задолжителни работи кои треба да ги имате во вашата канцеларија

52
0

Канцеларијата е работен простор за голем број на луѓе кои имаат специфични професии.

Понекогаш канцеларијата е простор во кој луѓето работат самостојно, но канцеларијата може да е заедничка за група на колеги чија работа бара заедништво и процес.

Како и да е, постојат неколку работи кои може да ги внесете со цел да ја зголемите ефикасноста во работењето и да го подобрите своето расположение:

Работи од дома,растенија,службен телефон и храна се задолжителен дел од канцеларискиот простор, а еве зошто:

Работи од дома

Целта е да си обезбедите поголема удобност во работниот простор и тоа не само физичка удобност, туку и да се чувствувате опуштено и сигурно.

Од таа причина земете неколку работи од дома кои ќе ви послужат на работа, како што се перничиња за да ја направите фотељата поконфорна, термос за кафе, омилена шоља од која пиете, прибор за јадење, рамка со слика од семејството и слично.

Во принцип се што ќе ве потсетува на местото каде што се чувствувате најопуштени и најбезбедни.

Растенија

Канцелариите не се „pet friendly“, но затоа можете да поставите свежо цвеќе во вазна на маса и редовно да ја менувате водата или саксија со некое салонско цвеќе кое ќе даде свежина на просторот и ќе ве потсетува на тоа дека потои живот на кој му е потребна нега.

Живите работи како – цвеќиња или миленици секогаш го зголемуваат ентузијазмот и животниот елан.

Службен телефон

Најдобро е да имате два телефони, еден во канцеларија и еден што ќе го користите во своето слободно и приватно време.

Не го внесувајте приватниот телефон во канцеларијата за да не ве дефокусираат приватните работи со што ќе ја изгубите продуктивноста ниту обратно.

Службениот телефон не го носете дома за да не ви го одзема вашето слободно време што треба да го посветите себе, на семејството или на пријателите. Едноставно поделете го целосно приватното од професионалното.

Храна

Канцеларијата не е место каде што треба да јадете. Најдобро е ако можете да ги користите паузите за оброк за да ручате во близок ресторан.

Но никогаш не ги оставајте вашите фиоки без храна која може да стои запакувана повеќе време како – чоколадо, бисквити, смоки, чипс и сл.

Во случаи кога нема да имате време да ја искористите паузата или едноставно ќе доживеете пад на шеќерот и ви треба храна да имате брзо и соодветно решение за вашите потреби.

Секако шише со вода е задолжителен дел од просторот на една канцелариска маса.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде