На 2ри Август, градските средини се испразнети, сите се заминати во природа, фаќаат сенка или ги посетуваат знаменитостите кои проикнале во спомен на АСНОМ и Илинденско востание.

Но често овој ден служи за собирање на семејството, за одење на излети каде се конзумира многу алкохол, а потоа треба да се вози за да се стигне до дома дури и по неколку десетици и стотици километри.

Сообраќајот на денешен ден е прилично густ и небезбеден, бидејќи груба проценка кажува дека скоро секој втор возач на локалните патишта има конзумирано алкохол.

Вашата внимателност во сообраќајот зголемете ја и доколку не сте конзумирале алкохол бидејќи најверојатно вашите сооучесници во сообраќајот конзумирале.