Пред извесно време одлучив да сменам работа и да отидам во нова фирма, баш поради тоа што во претходната фирма ми беше „мед и млеко“, во новата очекував да биде барем малку подобро. Мојот сопруг е пријател со сопственикот на фирмата во која отидов да работам и мислев дека ќе наидам на коректен однос. 

Покрај тоа што имам високо образование и искуство во струката да можам да работам буквално на која било позиција во фирмата, работев се со многу волја и ентузијазам. Брзо ја научив работата и станав независна многу брзо време. Кога го видоа тоа моите повозрасни колешки, почнаа непријателски да се однесуваат кон мене.

Прво почна со кажување на различни правила што и како да правам, се што ќе направев имаше некоја грешка, почнаа да повисуваат тон кон мене, буквално ме гледаа како зарозување на својата позиција. Најмногу ме кодошеа кај одговорната и таа еден ден ме повика кај себе на разговор.

Таман кога мислев дека ќе покаже разбирање или ќе ми даде некој совет како да се заштитам од вознемирувањето на повозрасните колешки што го трпев само поради тоа што бев поамбициозна од нив, таа ми рече дека секој што е нов во фирмата мора да се прилагоди на постарите колешки. Се обесхрабрува секој обид да се внесе некоја позитивна новина или идеја, само затоа што некој работи по инерција и по навика.

Разговорот со мојата одговорна заврши така што таа ми рече дека јас во фирмата треба да се прилагодам на правилата како што снаата мора да се прилагоди на правилата на свекрвата кога ќе се омажи.

Тогаш сфатив колку е часот и со какви луѓе работам, иако компанијата е навидум угледна, одговорните имаат сфаќања како да живеат во среден век. Секој што е нов и вешт го спалуваат на жариште на колективно здружување против новиот како што се палеле вештерките во среден век.

Следниот ден си дадов отказ нормално, но ви го поставувам прашањето што се еден млад,а мбициозен и способен човек треба да трпи поради лошиот HR менџмент и принцип на негативна селекција на наследниците. Затоа фирмите ни се крш, оние што останаа во Македонија да работат стално се соочуваат со брутално кршење на работничките права и потопло ги разбирам оние што заминаа надвор. Кога некој ти шефува барем нека биде поспособен од тебе.

*Писмо од читателка, идентитетот е познат на редакцијата

 

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Особини на моќни и стабилни личности
Следната статијаАдминистрација ќе се пополнува со Албанци од дијаспората

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде