Моите родители се разведоа кога имав 9 години. Тие беа во брак 14 години, се додека заедничкиот живот им стана неподнослив. 

Веќе немаше ни услови за нормална комуникација и секоја реченица можеше да испровоцира кавга од големи размери.

Мене тогаш расправањето по дома и тензијата помеѓу моите родители ми стана нормална појава.

По неколку години живот во пекол, одлучија да се разведат и да го поделат старателството над мене. Половина од времето го поминував кај татко ми, а половина кај мајка ми.

Но се случи нешто неверојатно. Мајка ми избегнуваше да ме гледа, наоѓаше изговори за нејзиното непојавување на родителска, зборуваше како е презафатена иако татко ми одлучи да и ги покрива сите трошоци за домување и плус да и пушта пари секој месец.

Таа наоѓаше изговори дека е презафатена, дека многу работи и воопшто не ми посветуваше внимание, ниту кога е школо во прашања, ниту кога требаше нешто да ми купи, обезбеди и сл.

Сфатив дека најголемиот проблем што го има е фактот дека ја сум дете што таа го има со татко ми, кој сега го презираше од дното на душата.

Тој презир на момент преминуваше и на мене, особено бидејќи јас личам физички на татко ми, па веројатно и многу сум ја потсетувал на него.

Денеска сум човек кој има свое семејство и на сопругата и кажав дека јас не стапувам во брак за да се разведам и ако се разведам со сила никој не сум држел до мене, ниту со неа на сила сум основал семејство. Што и да биде утре, дури и да се разведеме, таа рамноправно ја донела одлуката детето да го роди и да го има со мене. Така што од детето не смее никогаш да се откаже или да покаже презир, бидејќи ќе го земам целосно старателството. Подобро детето кое не е сакано да знае дека не е сакано, одошто да е манипулирано, а да гледа дека мајката го презира.

Знам каква е таа болка. На татко ми му се лутам затоа што почна свој живот и продолжи понатаму, иако се трудеше се да ми обезбеди од материјално до емотивно. На мајка ми и се лутам затоа што ме отфрли тогаш кога ми беше најпотребна и кога влегував во пубертет.

Немам некој посебен однос со родителите и сум посветен само на своите деца и својата фамилија.

Мојата порака до сите е да не ги занемарувате своите деца, без разлика на тоа со кој сте ги правеле, зошто вие сте ја донеле одлуката полноправно тоа дете да се роди и тоа останува ако не ваша љубов, тогаш барем имајте одговорност. Тоа е елементарно што човек треба да го поседува – чувството за одговорност!

Роберт К. (29)