Не сум роб на коментари, иако во нашата малограѓанска средина секој сака да коментира, мудрува, оправа другиот или кажува како треба нешто да се прави. 

Во суштина, не мислам дека тоа е добра намера на луѓето. Тие само сакаат и ти да се заебеш во животот како нив и да се тешат дека „животот е таков“ а не се они лузерите.

Во робовладетелските општества робовите барем имале некое достоинство, им биле важни на господарите, тие им давале храна, дом и облека, за робовите нив да им служат. А денеска? Зошто би била роб на било чиј коменар?

Да не ќе ми плати тоа сметка за струја? Ќе ми исшколува деца? Ќе ми напуни фрижидер за цела недела?

Воопшто не патам од тоа „што ќе речат“ комшиите. Нека си кажуваат тие таму, зад мој грб колку сакаат. Еден ден ќе им досади, бидејќи дури тие го живеат мојот живот, јас исто така го живеам својот и никогаш нема да си го дозволам тој луксуз да не бидам СВОЈА.

Јас постојам овде да дадам личен печат, а не да сум репликат или било чиј производ. Затоа си ја уклучувам климата на топло, си го правам утринското кафе и ја пишувам новата страница од мојата книга која тие никогаш нема да ја прочитаат, а нема ниту да ја напишат својата. Така да, допирните точки помеѓу нас се многу мали, скоро и непостоечки.