Со сопругот се познаваме од средношколските денови. Тој кон мене секогаш бил внимателен и заштитнички настоен. Навистина постои голема љубов помеѓу нас, поради што одлучивме да се земеме и да го продолжиме животот заеднички. 

Но во моментот кога требаше да ни биде најубаво во живтот и да уживаме во бракот и во заедничкото време, почна мојот пекол.

Најпрво се преселив да живеам во станот каде тој живееше со своите родители. Неговите родители беа многу љубезни и фини кон мене додека одев на гости и му бев девојка. Но ситуацијата магично се смени кога јас му станав жена и отидов да живеам кај нив.

Мајка му постојано проверуваше како ја суредувам собата и како подготвувам јадење. На почетокот се трудев да удоволам, но постојано добивав приговори дека трошам многу струја за готвење, или дека не внимавам дали машината за перење е вклучена на ефтина тарифа, се до тоа да ми приговорат дека МНОГУ ЧЕСТО СУМ СЕ БАЊАЛА и сум го трошела бојлерот! 

Бев шокирана од реакциите на мојот сопруг, тој многу мирно ги прифаќаше суестиите од неговите родители. Иако никогаш ми нема директно кажано ништо, сепак се повлекуваше во себе и молчеше што мене дополнително ме повредуваше.

Одлучив да заминам од тој стан и му реков јас одам да живеам под кирија, ако сакаш да градиме семејство и дом, дојди со мене.

На почетокот одбиваше, но по неколку месеци се всели во станот каде што живеев. Иако мислев дека со тоа сме го спасиле нашиот брак, почна мојата втора по ред агонија.

Тој постојано ме обвинуваше дека поради мене го напуштил семејството, секој ден зборуваше со неговите родители на телефон, им полагаше сметки за тоа што јадеме, што работиме, уште фалеше да им каже кога и дали имаме секс.

Бидејќи забележав дека сум во брак со детенце на кое му требаат родители, а не жена, мојата привлечност кон него се повеќе се намалуваше, а почнаа да ме интересираат и други мажи. 

Веќе не бев среќна во бракот. Одлучивме да се разведеме по 10 години врска и брак, а тој почна да прави се да ме врати. Иако не успеа, почна да ми се заканува дека ќе го уништи мојот живот бидејќи јас сум го уништила неговиот разделувајќи го од неговите родители.

Неколку пати се обидов да им кажам на другите дека психички ме малтретира, а понекогаш дури и физички. Но никој не ми поверува бидејќи пред другите тој е многу „фин“ и смирен, вистинското лице го покажува само пред мене.

Викав и полиција, но наместо по процедура да ми испратат и женско лице на увид ми испратија двајца мажи полицајци кои при водење на записникот ми дофрлуваа со шовинистички коментари, а еден од нив беше Албанец кој рече дека во нивната заедница нема такво нешто жената да се поставува над мажот (само затоа што сум се охрабрила 5тиот физички напад по ред да го пријавам исплашена за мојата безбедност)!!!

Денеска живеам во пекол поради мојот поранешен сопруг и размислувам да се отселам од тука, бидејќи не постои друг начин да се спасам од таков психопат!

Еден ден ќе ја раскажам детално мојата животна приказна во некоја книга, бидејќи мојата мисија е да се борам против традиционалните форми на уредување кои дозволуваат сурово насилство во семејството пред се кон жената и кон децата, тоа ќе биде мојот подарок и аманет за идните генерации.