дома животен стил Како да ги победите злите јазици:

Како да ги победите злите јазици:

1063
0

Луѓето имаат различни пристапи во комуникација и тие односот со другите луѓе го разбираат низ конфликт или низ соработка.

Сепак не постои личност која има унифициран однос кон сите луѓе, со некои луѓе градиме однос на соработка, со некои однос на конфликт, а со некои се обидуваме да не изградиме никаков однос, или како што обично се вели – ДА ГИ ИГНОРИРАМЕ.

Секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација во која бил предмет на зла намера на некој – колега, роднина, пријател или непознаник.

Сите различно се справуваме и одговараме на туѓите провокации и удари „под појас“, но постојат неколку „златни правила“ до кои треба да се придржуваме кога ќе се најдеме во токсична средина:

Останете свои

Не го менувајте своето однесување, принципи и манири поради некој друг. Останете свои без разлика на туѓото однесување и коментар.

Игнорирајте

Нема потреба да влегувате во дискусија со луѓе кои не ви се пријатни за разговор. Нема ништо лошо во тоа да останете дрски, арогантни и целосно да ги игнорирате обидите на некој да ви се обрати на каков било начин.

Имате милион причини во тој момент да се насеете

Во моментот кога некој ќе ве „пецне“ сетете се колку причини имате да се насмеете. Сетете се на вашите најблиски луѓе, на забавни ситуации, на сите успеси и признанија. Не дозволувајте некој друг да ве убеди дека не сте вредни.

Продолжете да го давате најдоброто од себе

Ако некој ве забележал и има намера да ве повреди тоа значи дека сака натпревар со вас, а никој не се натпреварува со некој полош од себе. Предизвикот на победата е да се натпреварувате со подобар од себе. Во тој случај продолжете да ги покажувате карактеристиките поради кои некој ве гледа како „повеќе од себе“.

Скромноста е доблест во секоја прилика

Не зборувајте за себе во суперлативи и не зборувајте девалвирачки за други луѓе. Уживајте во своите мисли, планови и идеи. Нивната реализација, а не говорот за нив е тоа што ќе ве направи – среќни и недопирливи.