Создавање на ефикасна и професионална јавна администрација, базирана на интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники, со цел постигнување на побрза услуга, подобар квалитет и еднаквост во пристапот за сите граѓани и деловни субјекти, најавува Владата во својата програма за работа во периодот 2020-2024 година.

За остварување на ова Владата се обврзува дека ќе отвори Центар за услуги во секој град по примерот на Скопје, дека до 2024 година во сите органи на државната управа ќе воведе Електронски систем за автоматизација на административни постапки, како и дека во соработка со Мастеркард ќе овозможи брзо потпишување и одобрување на барања во комуникацијата со помош исклучиво на еден мобилен телефон.

Како главна реформа за современа и европска јавна администрација, од се издвојува дигитализацијата и иновациите.

Владата најави стимулирање на иновативни идеи и проекти за симплифицирање на управата и побрзо и поефикасно справување со барањата и потребите на граѓаните.

Извор: Канал5