дома животен стил Зрел vs. Незрел маж

Зрел vs. Незрел маж

1257
0

Историски, незрелоста обично се врзувала за женскиот пол поради наметнатите вредности во патријархалните општества.

Долго време се сметало дека жените се инфантилен пол и дека тие не можат ниту една работа да ја доживеат на сериозен начин и да понесат одговорност.

Поради таквата наводно „природа на жената“ таа била отстранета од лидерски позиции и сериозни активности кои бараат зрелост и подготвеност за преземање на одговорност и етичка должност.

Но концептот за зрелост и незрелост, денеска почнува се повеќе да ги „напаѓа“ мажите бидејќи жените почнуваат да ги разбиваат предрасудите, стереотипите и закоравените вредности на патријархалното општество.

Повеќе не се само мажите тие што избираат, сега избираат жените и тие исто така поставуваат критериум за тоа каков треба да биде мажот кој спаѓа во категорија на „посакуван“ маж.

Една од клучните аспекти во дефинирање на мажот е зрелоста. Колку е позрел мажот толку е попожелен за женскиот пол.

А еве по кои карактеристики се разликуваат зрелите од незрелите мажи:
Download this Free Photo | Handsome young serious man

Зрелиот маж знае за одговорност

Од зрелиот маж нема да дочекате да добиете ветување кое нема да биде остварено. Поради својата одговорност доколку добиете ветување можете да бидете сигурни дека тоа ќе биде исполнето.

Зрелите мажи со луѓето се врзуваат преку одговорности, а не преку моментални настроенија и себични желби.

Зрелите мажи се истрајни

Имаат планови до чија реализација лесно стигнуваат бидејќи никој не може да им застане на патот или да ги поколеба.

Тие точно знаат што треба да направат и на каков начин, ништо друго не им е важно освен стигнување до целта.

Зрелиот маж нема да очекува од вас да водите грижа за него

Тој знае дека потреба од грижа имаат луѓе кои се слаби, изнемоштени или истрошени. Зрелиот маж наоѓа сила во себе и тој никогаш нема да очекува од другите да му помагаат за работи кои може да ги заврши сам.

Има почит кон жената

Зрел маж никогаш нема да покаже непочит кон жената, ниту во друштво, ниту во четири ѕида. За зрелите мажи, нивната жена е понежна половина која заслужува внимание, љубов и почит.

Зрелиот маж е „добар материјал“ за сопруг

Тој е способен да се грижи за себе, за домот и за децата. Со зрел маж никогаш нема да бидете препуштени сами во грижата за домот и децата, едноставно тој ќе ја обавува својата родителска должност и улога еднакво како и вие. За него да се биде татко е еднакво родител, колку да се биде мајка.

Има свој идентитет

Зрелиот маж е флексибилен и често ќе се стави во ваша служба, но тој има свој идентитет и никогаш нема да се изгуби себе си додека ви удоволува вам.

Секогаш ќе знаете кои се неговите желби, визии и позиции и ќе знаете дека се разликуваат од вашите и покрај тоа што моментално се наоѓате во ресторанот кој вие сте го избрале и нема да се чувствувате осудено поради тоа или да се почувствувате дека некој очекува од вас нешто за возврат (исполнување на желба).

Ве поттикнува да бидете свои

Зрелиот маж не ви дава совети за однесување, не ве коригира, не ве анализира и не ви наметнува свои или општо прифатени позиции како задолжителни за вас.

Тој секогаш ќе ве стимулира да бидете свои колку и да се разликувате од него во некои свои ставови и светогледи.

Зрелиот маж знае дека оригинална жена е вистинска реткост и ја цени вашата оригиналност, а не вашите обиди да бидете допадлива.

-Од таа причина често се вели дека покрај силен маж е потребна силна жена!

Магдалена Стојмановиќ