дома прашуваме други Угледен лекар од Македонија со остри критики и забелешки за работата на...

Угледен лекар од Македонија со остри критики и забелешки за работата на Комисија за заразни болести

815
0

Почитувани членови на КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ !!!!


Поминаа 33 години од денот кога го полагав испитот Епидемиологија со социјална медицина, кај Проф. Јанев, но и ден денес ги паметам неговите зборови, дека во секоја епидемија младите се челичат, возрасните заболуваат, а хроничните болни и постарите “патуваат”. Затоа, не учеше професорот, изолирајте ги ризичните категории, а останатите ќе ја победат секоја епидемија, порано или подоцна.


Ние денес, младите (учениците и младите родители) ги чуваме дома, пензионерите ни висат пред . маркетите, амбулантите и банките, а хронично болните ги враќаме на работа.


Знам дека 33 години е многу долг период и можеби ставовите се промениле, ама како да појаснам на мојот драг медицински техничар С.Б. кој има три стента, дијабет, ХОББ, ХТА, ХББ дека од утре може безбедно да доаѓа секое утро со автобус 19, дека може да ги боцка пациентите со 40С, а мојата исто така драга медицинска сестра Ц.К. млада и потполно здрава треба да седи дома до 31.12.

Фејсбук статус на д-р Нико Беќаровски