Будењето и почнувањето на денот предизвикува различни доживувања кај луѓето. Некои преферираат утринските часови да ги поминат во сон и спиење, други чувствуваат повеќе енергија во текот на утринските часови и едвај чекаат да го зграбчат денот.

Еве неколку совети како да ја зголемите вашата утринска енергија и да го подобрите своето расположение во текот на целиот ден:

  • Почнете го денот со чаша вода или незасладен чај, наместо со кафе

Многу луѓе утрото го почнуваат со кафе. Кафето предизвикува исфрлање на водата од организмот, а во текот на ноќта секако не сте внесувале доволна количина на вода. Кафето само ќе го зголеми ризикот од дехидратација и може да предизвика колабирање во текот на летниот период. Наместо кафе, ваш прв утрински избор за пијалак нека биде чаша вода или незасладен чај.

  • Првиот оброк нека ви биде овошјето

Овошките во себе содржат фруктоза (вид на шеќер) што ви помага да ја зголемите вашата енергија. Наместо друг оброк, денот почнете го со овошје, а по половина час (колку што е потребно изеденото овошје да се свари) можете да внесете и покалорична храна.

  • Мала физичка активност

Ако немате време за половина час прошетка или 15 минути утрински џогинг, тогаш доволно е да направите неколку мали физички вежби кои ќе ви ја подобрат циркулацијата и ќе ви помогнат побрзо да се расоните.