дома животен стил Жена – комјутер: Без неа немаше да има никакво истражување на весленета,...

Жена – комјутер: Без неа немаше да има никакво истражување на весленета, ниту астронаутите ќе слетаа успешно на Месечината

820
0

Долго пред денешната технологија да биде измислена, Кетрин Џонсон беше позната како жена – компјутер.

Таа рачно ги пресметала траекторите на летот за вселенската програма на Соединетите држави. Без сјај на умот како оној на Џонсон, неизвесно е дали Глен би бил пионер во вселенските мисии и дали сомнителниот Нил Армстронг би бил првиот човек што ќе зачекори на површината на Месечината.

Нејзините прецизни пресметки обезбедија астронаутите да стигнат безбедно до вселената и да се вратат назад.

За нејзиниот придонес во истражувањето на вселената, Кетрин Џонсон, која почина во февруари 2020 година на 101 година, беше избрана за добитник на медалот Хабард на Националното географско друштво во 2020 година, доделена за достигнувања во истражувањето и откривањето.

Иако таа самата не истражуваше физички простор, без неа можеби немаше да има никакво истражување.

Во 1969 година, астронаутите „Аполо“ ја добија истата награда. Сега, се слави одличната работа што ја направи мисијата можна.

Извор: National Geograpic