Србија набави лек за корона вирус

1470

Во Србија од понеделник за пациентите ќе биде достапен новиот лек против коронавирусот „ремдесивир“, јави допсиникот на МИА од Белград.

Директорот на Републичкиот фонд за здравствено осигурување проф. Д-р Сања Радојевиќ Шкодриќ за РТС изјави дека Србија набавила „ремдесивир“, лек против Ковид-19, и дека неговата дистрибуција ќе почне од понеделник.

Тоа е многу скап лек, што се дава само во одредена фаза на болеста и ќе се дава само со конзилијарна одлука, кажа лекарката.

Според неа, лекот ги минал сите предвидени процедури.

Поради епидемијата на коронавирус и се додека не ја добиеме соодветната вакцина, особено е важно сите ранливи групи да примат вакцина против грип, но и против пневмонија, кажа таа.