Потпетиците биле дел од секојдневниот изглед на аристократијата. Во средновековните европски монархии, потпетици обично носеле мажи со низок раст со цел да изгледаат погабаритно, помоќно и помаженствено пред другите.
Потпетиците во доцниот среден век биле генијален изум со кој се коригирала генетиката и работата на хормонот за раст на аристократите.
Од симбол на машкост – габаритност и поголем раст, потпетиците во поново време станале симбол на женственост. Па жените, како пол кој има потреба од „разубавување“ на нештата, во кои спаѓа и сопственото тело, ги преземале потпетиците како свој главен симбол.
Денеска идејата за потпетиците е тесно врзана со замислата за женското тело. А женскиот сексипил се истакнува токму преку потпетиците.
Тие служат за издолжување на нозете, истакнување на коловите и зголемување на природната висина на жената. Таквите придобивки од потепетиците се смета дека ја зголемуваат привлечноста на жената во „очите на мажот“.
Сепак постојат неколку клучни аспекти на женственоста кои не може да се постигнат само со навлекување на потпетици.
- Женственоста и привлечноста се комплетен впечаток
Женственоста се согледува во гест, во движење, во појава, во говор, став, размислување, однесување, вредности и принципи. Не може женственоста да се добие со навлекување на потпетици и излегување од дома.
Одржување на женственост е вештина, хабитус, идеја, идеал и многу работа на себе.
2. Потпетиците може да ја нагласат вашата неженственост
Сте виделе жени кои кога ќе облечат потпетици се искривуваат, имаат несигурен од, стоењето им е несигурно, седењето нелагодно.
Потпетиците не го решаваат проблемот на дефицит од женственост, тие може да го нагласат. Па затоа пред да облечете потпетици, поработете на откривање на вашиот пол, идентитет, личност, став, односот со споритвниот пол, каква слика сакате да изградите за себе и како сакате да се претставите. Сите тие нешта треба да се интернализираат пред да дојдат потпетиците на ред.
3. Природноста и спонтаноста ја истакнуваат вашата женственост
Многу од жените веруваат дека се попривлечни за мажите ако стојат исправени или во одредени пози што ја нагласуваат нивната женственост со големо внимание да не направат погрешен потег.
Многу често од далеку тоа изгледа како да разговарате со восочни фигури кои се мачат да ја движат својата уста додека зборуваат.
Природноста и спонтаноста ги вади на виделина сите ваши способности да се снајдете во непредвидени ситуации и да дадете креативно или елегантно решение на секој проблем.
Затоа спонтаните и природни жени се многу попривлечни за мажите отколку оние кои само ќе седат и ќе се фокусираат на тоа како изгледаат во кадар.
Магдалена Стојмановиќ