Луѓето се склони да демонстрираат општественопожелно и општественоприфатливо однесување.

Тие секогаш размислуваат за тоа што другите за нив ќе кажат, помислат или каков мит околу самите нив ќе создадат.

Американските социолози и претставници на интеракционистичката школа во социологијата – Кули и Мид, таквото поведение го сметаат за основа на општественото организирање, бидејќи другиот секогаш претставува „наше огледало“.

Но, колку и таквото поведение да е составен дел од нашата природа како општествени битија, сепак носи многу психолошки негативни последици.

Човекот секогаш треба да инсистира на тоа да биде и остане свој и во секоја ситуација да постапува согласно сопствениот разум и совест, а не да се ориентира во прифатливо однесување на групата.

Во социологијата е познато дека групата има огромно влијание врз поединецот, а еден социолог кој го истражувал „одвнатре и кавлитативно“ животот на една група зависници од наркотици по извесно време откако влегол во групата со намера да истражува, почнал и тој да конзумира дрога.

Го заборавил својот мотив за влегување во групата и целосно се конформирал со однесувањето на групата.

Затоа секој човек мора да изгради јак имунитет во однос на другите и да постапува здраво-разумски под лупа на сопствената совест која е јак елемент во носење на одлуки и судови.

Еве неколку причини зошто треба да останете свои:

Потребата да се допаднете некому е фрустрирачка

Кога имате потреба да се допаднете на потенцијалниот партнер, работодавецот, новите колеги, пријателите, родителите, роднините и сл. врз вас остава длабоки последици.

Станувате незадоволни и уморни од следење на идеал-типот кој сте го замислиле дека треба да го претставите пред другите за да бидете прифатени.

Како и да е, тој период кратко трае, па прашање на време е дали другите ќе откријат дека сте маска или вие ќе „пукнете“ и ќе си го покажете вашето вистинско „јас“.

Не ве осудуваат затоа што сметаат дека грешите, туку затоа што сметаат дека ќе станете подобри од нив

Луѓето никогаш не се трудат да ги осудат полошите од себе, туку да најдат „маана“ која ќе ги дискредитира подобрите од нив.

Затоа не се плашете од осуди, многу често тие се крик на немоќ на некој што сака да води натпреври со вас.

Продолжете да ја слушате вашата интуиција и здрав разум за сите ваши одлуки и ставови.

Не е во ред да ги залажувате другите 

Ако на партнерот сакате да се допаднете такви какви што не сте, тогаш сигурно нема да му се допаднете такви какви што сте.

Не е чесно да ги залажувате луѓето и да веруваат во нешто што не постои.

Бидете отворени и транспарентно зборувајте за вашите верувања, ставови, вредности и проценки.

Ако луѓето ве сакаат поради тоа што сте, таму наоѓајте го уточиштето на стабилните врски.

Имате душевен мир и во секое време знаете кои сте 

Луѓето кои имаат потреба да создаваат мит околу себе, многу често го губат својат идентитет, се вознемирени и може во различни ситуации нивното постапување е непредвидливо.

Па неретко сте слушнале како за сериски убијци луѓето кажуваат дека биле мирни, повлечени, љубезни и за пример во соседството.

Кога сте свои имате беспрекорен душевен мир, знаете што може да очекувате од себе, а другите знаат исто така што може да очекуваат од вас.

Туѓите повреди не се ваш проблем 

Ако некој се чувствува повреден поради ваш изразен став кој не вклучува напад, омаловажување или вреднување на другите, тоа не е ваш проблем.

Туѓите желби во врска со тоа какви вие да бидете сте само туѓ, а не и ваш проблем.

Кога зборувате во свое име, тоа не е ориентирано кон другите, туку се свртувате кон самите себе.

Немате одговорност ако тоа некој го разбере лично или се пронајде погоден од вашите ставови!

 

May be a closeup of Магдалена Стојмановиќ and food

Автор: Магдалена Стојмановиќ за „Мој збор“