Професионалниот автомобилизам е спорт во кој брзината, ризикот и прецизната контрола се дел од секојдневието на натпреварувачите. Зад секоја трка стојат години подготовка, дисциплина и огромна психофизичка издржливост. Во најновото издание на емисијата Мој збор разговараме за светот на професионалниот мотоспорт, за предизвиците што ги носи оваа дисциплина и за состојбата со автомобилизмот во Македонија.
Наш соговорник е Игор Стефановски – Иџе, еден од најпризнатите македонски спортисти на европската автомобилистичка сцена. Со него зборуваме за тоа како изгледа животот на еден професионален автомобилист, колку подготовка е потребна пред секоја трка и каква концентрација бара возењето на највисоко ниво.
Во разговорот се осврнуваме и на прашањето до кога може да трае кариерата на еден автомобилист, каква физичка и ментална подготовка се потребни за врвни резултати, како и на условите и перспективите за развој на овој спорт кај нас.
Емисијата нуди искрен и отворен разговор за страста кон брзината, но и за дисциплината и одговорноста што стојат зад секој успех на тркачката патека.


















