Храната е неопходна за живот. Таа не снабдува со потребните витамини и минерали и ни ја дава животната енергија.

Човек може да умре од глад и впрочем тоа е чума на 21 век, особено за сиромашните предели од светот пред се Африка.

Од друга страна имаме парарелен свет на Запад во кој најголема причина за морбидитет кај луѓето, а со тоа и на за морталитет е прејадувањето или прекумереното внесување на храна.

Болести поврзани со срцето, крвотокот, срцевите и мозочните удари кои се причина број 1 за смртност настануваат токму како резултат на злоуотреба на храна.

Античкиот грчки филозоф, Аристотел во „Никомахова етика“ изнесува дека мерата треба да е присутна во се, во 21 век тоа најмногу важи за храната, прејадувањето и препивањето!

Генерација на суплементи 

Фармацевтските индустрии вложуваат многу пари во применети истражувања кои треба да покажат дека суплементите се неопходни за здравјето и тоа на дневно ниво.

Па, така денеска, полиците на аптеките изобилуваат со голем број на суплементи од различни производители.

Но како што самото име ни кажува, суплементите не се храна, тие се додатоци во исхраната.

Дури понекогаш се претставуваат и како база на исхраната.

Односно дека она што не сме го внеле како минерал или витамин во доволни количини преку храната треба да го внесеме преку една малечка пилула која се голта, џвака или топи во уста.

  • Храната е штетна, конзумирајте суплементи!
Тие дури успеаа да покажат дека најголем број на намирници се штетни и тоа есенцијалните намирници, како што се брашното од пченицата или рж и тоа на едноставен начин.

Протеинот кој е ексклузивно присутен во пченицата – глутенот го прогласија за зло број еден во светот, иако најголем број на луѓето немаат проблеми со метаболичко обработување на овој протеин.

Фармацевтите ги употребија резултатите од применетите истражувања кои ги финансираат гигантските компании за кои работат, да пласираат преку медиумите нова болест која се нарекува итолерантност на глутен.

Сепак, голем број лекари и нутриционисти сметаат дека интолеранцијата на брашно од пченица, не настанува како директна последица на глутенот, туку како остапка од природата на поединецот.

  • Отстапување од природата 

Сите ние имаме ДНК што е пренесена информација од нашите предци.

Ако ги прашате вашите баби што јаделе додека биле деца, ќе добиете запрепастувачки одговор, тие воопшто немале брашно од пченица.

Кога имале тоа било во многу мали количини, главно се прехранувале со брашно од пченка.

Нашето ДНК ни дава информации за развој на ензими кои може полесно да го варат пченкарното брашно, додека имаме малку информации за ензими кои треба да си ја завршат работа со варење на пченичното брашно.

Некои организми се поприлагодливи од другите и тоа не е ништо ново, го открил многу пред нас Чарлс Дарвин, па така учат и стекнуваат вештини за обработка на пченичното брашно, за разлика од други кои имаат проблем во стекнување на таа вештина.

Тоа не е случај само со пченичното брашно, туку со многу други појави.
  • Есенцијална храна
Храната е непријател број еден на човекот, бидејќи современиот човек е изложен на индустриска и преработена храна, барем така ни велат нутриционистите, фармацевтите и некои медицински лица кои орбитрираат околу истата парадигма.

Наместо храна човекот треба да зема прашок од протеини или т.н „добра храна“ кој чини многу, а во која нема ниту еден остаток од храна.

Сите болести се препишуваат на неправилна исхрана и недоволен внес на витамини минерали.
  • Заработка
Во екот на пандемијата, сите изгубија, само фармацевтските куќи профитираа.

Сите кои биле болни од ковид знаат колкав е списокот на суплементи кои требале да ги пијат без да знаат дали тие суплементи не се негираат при варењето едни со други и дали е правилно сите да се пијат наеднаш.

Без никакви упатства добивате кеса со суплементи со кои треба да пиете само доволно вода.

Тие практично ви се замена за храната!

  • „Храбар нов свет“ и сома 
Се сеќавате на „Храбриот нов свет“ од Олдус Хаксли нели? Сите пијат одговарачка сома или пилула која ги храни и им го регулира нивото на хормони во телото.

Така што тие секогаш имаат доволно количество на хормони на среќа и задоволство во крвта.

Оваа дистопија не е предвидена да испрати порака во иднината, но можеби пораката е веќе испратена!
  • Заклучок
Исхраната не треба да оптоварува. Не треба да трошиме часови од денови да подготвуваме храна што ја јадеме за 10 минути.

Или да се информираме за тоа што треба, а што не да се јаде.

Тоа во природата не постои, а секое дистанцирање од природата, чини по една болест плус!

Слушајте го вашето тело и јадете го онаа за што имате желба, но не јадете без да имате желба за храна!

Автор: Магдалена Стојмановиќ