Македонија пред точно една година го официјализираше членството во најголемиот воено-политички сојуз, Североатланската алијанса.

Со тоа Македонија се придружи на државите од регионот кои се НАТО членки, сите освен БиХ и Србија која не претендира кон членство во алијансата.

Додека НАТО членството актуелната влада на Македонија го претставува како најголемото достигнување во нивното владеење, граѓаните не ги чувствуваат промените во секојдневниот живот.

Цената која Македонија требаше да ја плати е промена на уставно име на криминален начин, со референдум без поминат цензус и гласање во Собрание при кое неколку пати беше прекршен Деловникот за работа.

Иако за НАТО членството постојано се слуша во медиумите, освен што постои мит за успехот од членувањето, нема друг реален импакт врз обичниот граѓанин.

Не е подобрена стапка за вработување, не се покачени драстично платите, секојдневно се кршат коли по улици кои се полни со дупки, нема нови директни странски инвестиции, НАТО не ни го подобри здравствениот систем кој се соочува со тешка криза поради епидемијата.

Се чини дека една година од членство од НАТО треба да се нарекува една година од пристапниот договор со НАТО преку кој се официјализираше промената на Уставното име.

Со потпишување на договорот со НАТО, Македонија за прв пат во меѓународните документи почна да фигурира како „Северна“.

Промена има, ама не кон добро!

Магдалена Стојмановиќ