Фејбук статус на претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Ампева:
Секогаш јас и здружението сме ЗА покачување на плати, но НЕ на ваков начин.
Ова линеарно зголемување од 2800 денари не значи АПСОЛУТНО НИШТО, има колективни договори кои свесно ги избегнуваат.
Не е фер цело време да се бара за јавен сектор, а приватен го полни буџетот, и истиот тој приватен сектор колабираИмаме работници од приватен сектор кои едвај земаат минимална плата или воопшто не ја земаат, а овде бараме постојано за јавен сектор.
Ние во декември 2021 кажавме да го пресликаме црногорскиот модел и немаше сега да сме незадоволни и ќе имаше за сите достојни плати, преку ефикасни, системски и долгорочни решенија.
Но за жал, тогаш на ССМ и ВЛАДА им беше поедноставно да се сликаат и дигаат раце во име на некаква си победа за минимална плата од 18.000 денари, сега има штрајк и се шурува со различни политички партии