Во Брисел е претставена нова визна стратегија на Европската унија, со која првпат се најавува системско решение за професионални возачи од земји надвор од Шенген, преку воведување специјални визи за продолжен краткорочен престој.
Како што изјави потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунен, целта е создавање модерна и стратешка визна политика која ќе ги зајакне безбедносните проверки, ќе го олесни пристапот за луѓе што придонесуваат за европската економија и ќе обезбеди поефикасен одговор на зголемената мобилност и геополитичките предизвици.
Возачи од трети земји во фокус
Европската комисија првпат експлицитно ги споменува возачите на камиони од трети земји како професионална категорија за која може да важат нови правила. Сегашното ограничување од 90 дена престој во период од 180 дена создава сериозни проблеми за секторите што зависат од постојана прекугранична мобилност, особено товарниот транспорт – прашање од големо значење за Западен Балкан.
Што значи ова за регионот
Голем дел од товарниот сообраќај кон ЕУ го извршуваат возачи кои не се државјани на земји членки. Ограничувањата, заедно со долгите гранични чекања, носат дополнителни трошоци и ја намалуваат конкурентноста на транспортните компании.
Безвизен режим и ETIAS
Граѓаните на Србија и понатаму ќе патуваат без виза, но од 2026 година се воведува ETIAS – задолжителна онлајн авторизација пред патување. Секој влез и излез од Шенген ќе биде дигитално евидентиран, што практично ќе го елиминира прекршувањето на дозволениот престој.
Одлуката не е конечна
ЕУ нагласува дека измените зависат од понатамошни преговори со земјите членки. Безвизниот режим повеќе не се смета за трајно право, туку за привилегија што може да биде ограничена или суспендирана доколку не се почитуваат правилата.















