Не постои формула за идеална љубовна комбинација помеѓу маж и жена во смисла на пресметана возрасна разлика која е најкомпатибилна.

Но сепак, често слушаме од жените дека сакаат помлади, постари мажи или мажи кои им се врсници бидејќи веруваат дека возраста и возрасната одредница има врска со љубовничкиот живот.

Со цел да дознаеме дали жените генерално сакаат помлади или повозрасни мажи направивме кратка анкета.

До одговорите се наведени само референци за иницијали и возраст, бидејќи забележавме дека постои разлика во одноворите која е детерминирана токму од возрасната граница на нашите соговорнички.

Најинтересните одговори ви ги пренесуваме во продолжение:

Според мене мажи кои се малку повозрасни од мене се покажуваат како подобри љубовници, тие се поискусни и опуштени во сексот, што значително придонесува и јас да бидам опшутена. (К.А,23)

Мажи кои се постари дефинитивно. Тие ќе направат се за жената да се чувствува задоволна и посакувана, бидејќи се остварени, сигурни и имаат животно искуство. (Д.Е, 30)

Разликата во години помеѓу мене и мојот партнер не треба да биде повеќе од година до две без разлика дали е помлад или повозрасен. Јас сакам заедно да ги откриваме нашите сексуални фантазии и желби, а не да учам од некој, ниту некој мене да ме учи на секс вештини. (Г.П,39)

Според мене малку помлади мажи се подобри љубовници, едноставно се млади и сакаат да експериментираат, имаат сила и поголема издржливост во кревет. (Б.С, 46)

Мојата сексуално искуство покажува дека мажите се способни за водење љубов до 40, се после 40 е исфорсирано. Така што би кажала дека подобри љубовници се мажи што се помлади од мене. Едноставно тие ми пружаат доживување дека сум посакувана и во овие години. (Х.Б, 55)