Заев се појави пред јавноста, по старото добро правило прво ја соошти лошата вест а потоа добрата. Има блокада од Бугарија, ама има и решение.

Кога ја соопштуваше втората вест ја имаше онаа насмевка што треба да ја брендира, а таа ви пренесува порака – ќе кажам нешто глупо ама вистинито – хехе, хихи.

Така со хехе и хихи преку ноќ Република Македонија стана Република Северна Македонија и никому ништо, ние уште сме во напади на смеење.

Бугарија навистина не го подржа усвојувањето на преговарачката рамка и добивање датум за преговори, верувале или не?

А на што се надевавме, дека Бугарите ќе попуштат пред вистината и аргументите кои се на наша страна, може мислевме дека ЕУ ќе не заштити оти нели ако даваат грдни пари преку фондови за тоа да можете да си го искажете својот сексуален идентитет и своето лудило на максимум, зашто да не ни го овозможи правото да си се идентификуваме со нашето историско потекло?

Како и секогаш се докажа дека надеж служи само за да не ја прифатите реалноста каква што е и да посегнете по самоубиствено решение, како единствен можен излез од неподносливоста на ситуацијата.

Не само што Бугарија не попушти, туку и мудро го искористи своето право на вето што ЕУ го поставила во правилата за проширување кога немала поим дека државите од Балканот ќе го користат максимално.

Правото на вето во ЕУ изгледа вака „прва жичка за водичка“, кој прв во ЕУ тој после ќе си присвои се што историски не можел да го оствари преку силни војни, крвопролевања и жртви. Со тоа ЕУ се претвора во заштитник на тиранијата на ЕУ држава членка кон другите држави не-членки на ЕУ кои се условени од добрите односи со оние што одлучуваат за нивната судбина.

Не само што Бугарија не ни попушти, туку сега ќе мора да ја молиме да седне со нас на преговарачка маса, ќе мора да се извинуваме за се што сме направиле, а посебно за тоа што не сме го направиле. Ќе се извинуваме за се, се ќе си признаеме, на се што ќе побараат ќе дадеме потврда, а тие како големи христијани поведени од христијанскиот морал ќе ни простат.

Постои само еден проблем во структурата на владеењето, имаме министер за надворешни работи што е етнички Албанец и верувале или не, тоа не не спасува, туку во случајот со Бугарија ни го отежнува патот.

Бугарите ќе бараат нашиот министер за надворешни работи да отиде во Црква да запали свеќа и да се помоли за своите гревови и за прошка, да бакне рака на некој бугарски свештеник и заедно раче на раче да се помолат Бугарија да ни го прости нашиот безобразлук на присвојување на „ниваната“ историја.

Со однос на тоа дека Албанците генерално имаат многу поголемо достоинство од нас и Албанец министер нема да појде во Црква ако оди во Џамија и нема да им ги исполни условите на Бугарите. Пу пу ништо не важи.

Нема да бидеме доволно понижени, а секако за тоа, забалгодарете му се на тој министер за надворешни работи кој за наша среќа во овој случај е Албанец.

Христијански обичаи при барање на опрост мора да има, знаете дека Бугарите се жестоки христијани, па тие „предавниците“ на Исус – Евреите масовно ги истребуваа во Втора светска, нас сигурно нема да ни простат што сме се понеле сосема нехристијански.

Решение има, ама не под наши услови, туку под нивни, а знаете какви се фашистите, нив не можете да ги фатите на милост, на љубов, на грижа, како што можете на таа финта да фатите нормален човек.

Све е исто само Ферида Мухиќа нема во ова влада, да беше тој спорот со Бугарија магично ќе се отстранеше, како стар познат мудрец ќе речеше – дајте им се што бараат, секако никому на овој свет ништо не му припаѓа.

Не верувам дека ќе се обиде да ја смени реториката во однос на првиот пат кога се гласаше за промена на уставно име.

Повторно истата влада ќе одлучува за тоа дали смееме да си го викаме Георги Николов Делчев – Гоце наш и да си го пишува Тамарче на препони како знак на извинување што ја згрешила химната.

Епа тоа е влада ќе ви одлучува, оти опозиција немаме ни за лек.

Има таму еден најпаметен, најсимпатичен, соборува рекорди на социјални мрежи, Дуа Липа му завидува на популарност и плус ПРОФЕСОР по право, заедно со уште еден симпатичен момак кој се вози во автобус и тоа го претставува како кауза на левичарство што се опозициска „искра во мракот“.

Ама во поглед на реалните ефекти кон некои прашања освен добра и издржани критика нема нешто многу за видети. За нив може да се каже она старата – Фала ти боже што ги имаме, ама исто како да ги немаме.

И тоа е дечки само да сме живи и здрави и вие што гласавте на референдум „ЗА“ Европска Македонија исто може да се тешите, аа нема ЕУ, ама има НАТО, дај шта даш е работава.

На Балкан нема ништо ново, уште се тепаме за старото!

Автор: Магдалена Стојмановиќ