Во пресрет на Интернационалниот ден на жената кој се празнува на 8ми Март одлучивме да направиме колаж на искуства и изјави на мажи и нивниот поглед кон еден осмомартовски ден.

Според Д.К (44) празникот на жена е ден кога најмногу се купуваат подароци и се размислува за приредување на различни изненадувања за припадничките на понежниот пол.

На Осми март обично ги посетувам цвеќарите или парфимериите и одбирам подароци за жените од моето блиско опкружување. Денот им е посветен на жените и јас сакам да ги испочитувам сите битни жени во мојот живот на нивниот ден, вели Д.К за „Мој збор“

В.П (31) пак за „Мој збор“ истакна дека празникот на жените им е целосно подреден на жените, а тие максимално го уживаат вниманието кое го добиваат.

Тој ден жените се главни, а ние мажите едвај чекаме да се врати се во нормала за да продолжиме да комуницираме и функционираме како и претходно, со насмевка одговара В.П за нашите репортери.

Иако мислевме дека помладите се понетолерантни кон формалности и понесериозни го сфаќаат значењето на празникот на жената, сепак утврдивме дека не постојат генерациски детерминанти во „чувството на запоставеност“ што го имаат мажите на Денот на жената.

К.Б (57) вели дека жените секој ден зборуваат повеќе од мажите, но на Осми март зборуваат три пати повеќе одошто во обичен ден.

Мажите тој ден повеќе премолчуваат, а жените зборуваат повеќе од обично. Ама таков е денот, имаат права, вели К.Б.

Помладите од 30 години имаат џентлментски потези на овој ден, па така А.Ц (23) за нашата репортерска екипа вели дека на Осми март ја носи својата поубава половина на ручек или на патување и го користи овој ден да и приреди максимално задоволство и уживање.

Повозрасните пак, немаат посебни доживувања за празникот. С.Т (73) вели:

Тоа е ден на жените, нема што како ние да се чувствуваме, прашајте ги нив.

Од четирите примери со кои се сретнавме, ни останува да заклучиме дека:

  • Мажите го третираат Осми март како ден во годината во кој жените имаат право да бидат свои, а мажите стануваат потолерантни.
  • На тој ден се купуваат подароци на жените и им се подарува внимание.
  • Ден за излегување со својата партнерка.
  • Мажите не го доживуваат празникот на жената како празник кој на било каков начин е поврзан со нив.

Анкетата ја спроведе: Магдалена Стојмановиќ