Движењето Бојкотирам по повод пописот на население 2021 година, објави „Декларација“ со која однапред се објавува дека „нема да ги признаат резултатите од пописот“.

Тие ги повикаа Македонците, заедно со сите други жители на, како што се наведува во документот, привремено окупираната територија т.н. „Северна“ Македонија, да не ги признаваат резултатите од пописот кој се спроведува.

Движењето „Бојкотирам“ даде поддршка на сите други иницијативи кои имаат за цел делегитимизација на пописот, без разлика дали се работи за негово целосно бојкотирање или игнорирање.

Интегралната верзија во продолжение:

Ние Македонците, заедно со сите други жители на привремено окупираната територија т.н. „Северна“ Македонија, кои сме заинтересирани за градење модерна и просперитетна држава која ги почитува начелата на правдата и законите;
Во однос на најавениот попис на населението во привремено окупираната територија т.н. „Северна“ Македонија, ја прогласуваме следнава

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

Не признаваме спроведување на попис во ситуација на суспендирана правда и закони, и ОДНАПРЕД ги отфрламе како нерелевантни резултатите од таквиот инструиран и нелегален попис, без разлика какви се. Нашата недоверба не е во волјата на народот да спроведе ваква корисна и потребна операција, ниту во нашите сожители кои ќе го спроведат пописот на терен.

Резултатите од пописот нема начин да бидат независно проверени, нема начин пописот да се набљудува, ниту да се приговара на резултатите отпосле, што на ваква – веќе демонстрирано нечесна окупациска власт- и дава одврзани раце за политичка манипулација.

Затоа, Ги повикуваме сите формални и неформални, политички или невладини, секуларни или религиозни организации, како и поединци, да ни се придружат во повиков за НЕПРИЗНАВАЊЕ на резултати од попис администриран од нелегално воспоставената власт на привремено окупираната територија т.н. „Северна“ Македонија.

Воедно ги поддржуваме сите други иницијативи кои имаат за цел делегитимизација на пописот, без разлика дали се работи за негово целосно бојкотирање или игнорирање.

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Како да разликувате главоболка од ковид19 од обична главоболка
Следната статијаКако да препознаете дека сте заразени со британски тип на ковид

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде