Два три збора за судиите, адвокатите, обвинителите,нотарите,извршителите.

За жал и после 30 години не успеавме да воспоставиме стабилен правен систем и правна држава.

На сцена се бандитско-судски криминални кланови, при што човек се може да види само право и правда не.

Правото и не е некоја наука а тие се возгордеале господата па збор не им се кажува.

Кога ви се дало право да го спроведувате правото не ви се дало право да си играте со човечки судбини.

Еден мој пријател деновиве кажува една случка во која адвокатско-судската мафија, се договара да има безброј рочишта, со цел да си ги наполнат џебовите, а по грбот на странката, која патем е земјоделец!

Кое дно, која мизерија!

Во друг еден случај, странка оди кај адвокат, со намера да го застапува на суд, а истиот тој адвокат после заминување на оштетената странка и дава информации на странката која е тужена!

Која непрофесииналност, мизерија, среброљупство , дно!

И што е најчудно мислат никој не ги знае!

Да не зборувам за митото, корупцијата, нечесноста, непотизмот, блудот и што уште не во таа фела.

Е па дечки ваш

ата правда не е правда, има и божја правда!

Време е за генерален реизбор на сите во таа фела!

Дотогаш продолжете да “баљезгате”.

П.С. Не за џабе се рекло, Господ на суд и на лекар да те не однесе!

May be an image of Goce Totti Kuzeski and smiling

 

 

Автор: Гоце Кузески

дипломиран професор по физика

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде