Љубомир Цуцуловски е поранешен професор на институтот за филозофија при Филозофскиот факултет. На социјалните мрежи е прилично активен и неговите ставови предизвикуваат реакции од јавноста.

Неодамна Цуцуловски објави дефиниција за „опулување“ како што ја наслови и својата објава. Во таа објава Цуцуловски преку објаснување на терминот „опулување“ ја објасни и реалната и латентна функција на претседателите на државите.

Досега мислев дека претседателите на државите постојат да ги почитуваат/спроведуваат законите. Сега разбрав/се опулив дека нивна задача била да нервираат и дисциплинираат одредени групи граѓани, особено ако сметаат дека не се по нивна волја, односно ако не се доволно дисциплинирани. Така и сфатив дека никогаш не е касно човек да се опули/прогледа. И треба луѓето да се опулат/прогледаат, макар и со задоцнување, за да разберат што им се случува, истакнува Цуцуловски на својата фејсбук објава.